СОЦИЈАЛ-ДЕМОКРАТОТ САДИК КАН, ИНАКУ МУСЛИМАН СО ПРЕДЦИ ОД ПАКИСТАН ДОБИ ВТОР МАНДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЛОНДОН

Денеска се познати резултатите од вчерашните локални избори во Британија. Градоначалникот на Лондон, Садик Кан доби втор мандат. Тој е член на лабуристичката опозициска партија во Британија, себеси се смета за социјал – демократ а по вера е Суни муслиман со предци од Пакистан.

Тој победи тесно со околу 55% од гласовите. Пред да стане градоначалник, тој беше 10 години пратеник во парламентот на Британија.

Левицата победи во Лондон и Манчестер кои се најголеми градови во Британија, но десницата успеа да добие 12 нови општини а левицата изгуби 6 општини со што конзервативците имаат право да слават на овие локални избори.

Link with us
Game bài đổi thưởng