Софија Лаличиќ ја загуби судиската функција, Врховен ја одби нејзината жалба

Судијката Софија Лаличиќ дефинитивно ја загуби судиската функција. Врховниот суд ја одби нејзината жалба, што таа ја поднесе откако Судскиот совет ја разреши во март годинава.

Врховен ја одби нејзината жалба како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет. Тогаш, Судскиот совет ја разреши поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција.

Лаличиќ беше разрешена од скопскиот кривиечн суд бидејќи казни адвокат со две илјади евра за фејсбук статус, во кој побара нејзино разрешување и ја нарече „сваровски“ судија.

Лаличиќ беше и во бомбите на тогашната опозициска СДСМ која презентираше разговор со поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков.

Link with us
Game bài đổi thưởng