Softeligence почна со вработување ИТ експерти

Технолошката компанија специјализирана за дизајнирање и испорака комплексни решенија и интегрирани платформи водени од податоци и вештачка интелигенција Softelligence почна со вработување на ИТ експерти од разни области. Огромниот број работни позиции може да се погледнат и сите заинтересирани лица може да ги следат активните огласи за работа на интернет страницата https://www.softelligence.net/job-openings/ или на официјалната Facebook страна https://www.facebook.com/softelligence.mk/ на компанијата.

Во моментов, компанијата бара Аналитичар за интеграција на податоци (Data Integration Analyst), Консултант за Power BI (Business Intelligence), Инженер за контрола на квалитет (Quality assurance), Експерт за Scrum (Scrum е програма за менаџирање на процесите и работењето при работа со софтвери), Инженер за .Net софтвер (.Net Software Engineer), потоа Salesforce програмер (Salesforce е еден од најпознатите CRM софтвери), Инженер за автоматизација за контрола на квалитет (QA Automation Engineer ) и други отворени работни позиции.

Нејзиниот основач Адриан Блидарус наведува дека се потребни програмери, развивачи на софтвер, инженери за софтвер и податоци, архитекти за решенија, научници за податоци, лидери на тимови, проект менаџери и многу повеќе. Според него, компанијата се фокусира на .NET и технологијата поврзана со податоци (Data Science), класичната (SQL) и најсовремената (Big Data, NoSQL, data lakes).

„Најчесто бараме луѓе кои имаат цврста основа во софтверското инженерство и работно искуство поврзано со „cloud“ (облак) технологиите. Ќе ги поддржиме и обучуваме да стекнат повеќе знаења и да се сертифицираат. Ова е нешто од кое сите имаат корист: нашите нови колеги, нашиот постоечки тим, компанијата и македонската ИТ индустрија, бидејќи знаењето останува кај луѓето“, објаснува Блидарус.

Softelligence основаше фирма во Северна Македонија и најави дека ќе инвестира милион евра и ќе отвори сто работни места за ИТ професионалци преку изградба на Центар за испорака во Скопје. Според престижниот Financial Times FT1000, компанијата е еден од лидерите за раст на регионот во Централна и Источна Европа во областа на информатичката технологија. Предвидените милион евра, компанијата ќе ги вложи во обезбедување одлични услови за работа, пристап до најнова технологија, обуки и специјализирани курсеви за македонските колеги, кои ќе припаѓаат на голема група технолошки мајстори и ќе решаваат витални проблеми за глобални клиенти. Исто така, компанијата нуди решенија и на секоја банка, заемодавач, закупувач, осигурител, MGA или брокер ширум светот, но тоа значи дека секоја таква компанија во Северна Македонија ќе може да има корист од нашите решенија.

Softelligence има седиште во Лондон, Обединетото Кралство и има два центри за испорака во Букурешт и Крајова, Романија. Компанијата е основана во 2006 и е рангирана меѓу првите 150 најбрзо растечки технолошки компании во Европа од страна на Financial Times. Softelligence има долготрајни партнерства со Microsoft, Instanda, FintechOS, Databricks и други воспоставени провајдери на технологија и платформи. Сегашни клиенти вклучуваат компании-членки на Erste Group, Vienna Insurance Group, TBI Bank, како осигурителните гиганти Beazley и Howden Group.