СОЈУЗ НА СЛЕПИ: Благодарение на Програмата за развој на Обединетите нации, во партнерство со Министерството за труд и социјална политика особено сме горди да обзнаниме дека започна процес на изработка на аудио читач за слепите и лицата со оштетен вид

Почитувани,
Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија претставува национална инвалидска организација, непартиска, доброволна, организација од особен јавен интерес која сплотува и обединува 2550 лица со оштетен вид преку своите 17 општински и меѓуопштински здруженија на слепи лица-членки на НССРСМ.

Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија претставува единствен легитимен претставник на лицата со оштетен вид во земјава.
Благодарение на Програмата за развој на Обединетите нации, во партнерство со Министерството за труд и социјална политика особено сме горди да обзнаниме дека започна процес на изработка на аудио читач за слепите и лицата со оштетен вид.

Дигиталната мобилна апликација ќе биде бесплатна и достапна за сите, а истата ќе може да се користи на македонски и албански јазик.
Особено не прави горди фактот што на еднаква основа и лицата со оштетен вид како и останатите граѓани ќе можеме да ги уживаме сите права за независен, самостоен и достоинствен живот.
Нашата комуникација преку оваа алатка ќе се одвива непречено, современо, правото на пристап до информации и комуникации на сопствениот јазик е загарантирано и обезбедено.
Реализацијата на аудио читачот е во согласност во начелата на Конценцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост.
Изработката на аудио читачот претставува исчекор во квалитетот на живот на оваа категорија на граѓани.
Огромно е задоволството што конечно слепите лица ќе може да добијат соодветно аудио помагало кое ќе може да го користат на свој мајчин јазик. Оваа дигитална апликација ќе ги зголеми шансите и можностите секое слепо лице полесно да се движи, да ги извршува секојдневните домашни работи, да учи, да се социјализира, да најде вработување и да остварува свој приход, а тоа е од непроценливо значење за сите нас.

Мобилната апликација, освен за слепите лица, како помагало ќе може да ја користат и лицата со потешкотии во учењето…

ПРЕТСЕДАТЕЛ
СЕЛКОВСКИ ЖАРКО

Link with us
  • go88 go88 thiên đường cờ bạc online
  • tại sunwin pro plus ios sun win
  • tai game gai nhay rikvip tải rikvip tải rikvip tip club
Game bài đổi thưởng