СДСМ: Веќе никој во Скопје не зборува за загадување, само за раззеленување

ВМРО-ДПМНЕ за време на нивното режимско владеење, Скопје, од град со зеленило, дрвја и паркови, го претворија во најзагаден град на светот, реагираат од СДСМ поради обвинувањето од опозициската партија за исечените дрвја на улицата Орце Николов.

„Сечеа дрвја за да стават бекатон и бетон, а денеска никој веќе не зборува за загадување, туку за раззеленување, а болните и стари дрва се заменуваат со нови. Денеска, наместо кинески двокатни дизел-автобуси, има нови екоавтобуси, а 6.500 грејни тела со субвенции се заменети со инвертери“, се наведува во соопштението на партијата, од чии редови е и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Од таму нагласуваат и дека во изминатите години во Скопје се подигнати и обновени зелени површини на над 117.000 квадратни метри.

„Изградени се два нови зелени покрива – на ГТЦ и на Домот на градежниците, третиот на ‘Мавровка’ се прави, дивите паркиралишта се претвораат во паркови, се подигаат зелени скверови“, порачуваат од СДСМ и велат дека на ВМРО-ДПМНЕ ѝ е тешко да ја прифати реалноста дека Скопје се менува, развива и прераснува во модерна метропола.

Link with us
Game bài đổi thưởng