СОСЕДИТЕ ИСПАДНАА ПОПАМЕТНИ ОД НАС – Целосно вакцинирано над 70 отсто од населението во Грција

Над 7.440.000 граѓани ја завршија вакцинацијата што е 70,8 проценти од општото население, односно 80 отсто од полнолетното население, соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на денешната редовна прес конференција.

Говорејќи за процесот на имунизација во земјата, Темистоклеус рече дека вкупно се аплицирани 19.840.000 дози од вакцината, а за бустер дозата објасни дека од 5.825.000 граѓани кои можат да ја примат, 88,5 отсто веќе ја примиле третата доза.

Претседателката на Комисијата за имунизација Мариа Теодориду, порача дека и понатаму е силна препораката за вакцинација и со трета доза, а во однос на варијантата Омикрон, повикувајќи се на неодамнешни студии, истакна дека по заразувањето, природниот имунитет е значително помал и заштитата од реинфекција е околу 60 отсто.

Од друга страна, објасни дека лицата кои се заразиле со Алфа, Вита или Делта имаат силна заштита до 90 проценти од зараза со варијантата Омикрон.

Во изминатите 24 часа во Грција беше регистиран 20.361 нов случај на Ковид-19, од направени 125.484 тестови, а починаа 78 лица.

Од почетокот на пандемијата во земјата има вкупно 2.194.453 случаи на Ковид-19 и 24.836 починати лица.

game bài sunwin sunwin club sunwin

sunwin club sunwin sunwin.apk mới nhất

sunwin tài xỉu sunwin club tải sunwin apk

sunwin club

sunwin