СОВЕТОТ ОДЛУЧИ – ВО КИСЕЛА ВОДА ПОЧНУВА ГОЛЕМА ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА

Почитувани

Со големо задоволство сакам да споделам некои посуштински одлуки кои ги донесе Советот на општина Кисела Вода на денешната 50 седница.

– Се одобри приоритетна реконструкција на улица Живко Фирфов во соработка со Министерство за транспорт и врски
– Изградба на систем за водоснабдување во населба Каменик
– Санација на улици во Цветан Димов и Пржино
– Реконструкција на ул. Наум Охридски со изведба на атмосферска канализација
– Обезбедени се средства за чистење и одржување на канали и чистење на депонии
– Продолжување на патот од Аџево накај Батинци, до границата со општина Студеничани
– Се зголемува и буџетот за асфалтирање на улици
– Донесена е одлука за склучување на меѓуопштинска соработка со град Скопје за имплементирање на Смартсити и поставување на паметно осветлување и платформа за дигитален град
– Донесен е и правилник за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови
– Одлука за објавување на јавен повик за субвенција на набавка на велосипеди за граѓаните на Кисела Вода

Со овие одлуки на советот ќе можеме да спроведеме дополнителни активности. За дополнителни детали и поединости тековно ќе информирам.

Со овие одлуки на Советот излегуваме во пресрет на дел од потребите. Знам дека секој е заинтересиран конкретно за неговата улица и конкретни проекти за кои ми пишувате. Жалам што не можам да одговарам на конкретните прашања, дел поради физичка неможност, а дел поради процедурите. За жал начинот на функционирање на системот на локална самоуправа не дозволува да можам конкретно да кажам кога точно кој проект ќе се спроведе. Има повеќе фактори кои влијаат.

huyen thoai rikvip tải rikvip

go88

https://solo.to/rikvip