СПАСОВСКИ: Денеска се обратив на 71 сесија на Извршниот Комитет на УНХЦР, при што истакнав дека ние сме активен партнер на Обединетите нации и другите меѓународни организации и ЕУ, а ефикасното управување со миграцијата е еден од нашите приоритети, првенствено раното откривање и спречување на илегалните движења долж тнр. „Западнобалканска рута“

Со цел усогласување на нашето законодавство со регулативата на ЕУ, во 2018 година влезе во сила новиот Закон за меѓународна и привремена заштита – во голем дел е усогласен со Директивите на Европскиот Совет и Парламент, а потоа и поголем број под-законски акти. Земјата е договорна страна на сите клучни меѓународни инструменти на УНХЦР. Во однос на Глобалниот Пакт за бегалци и Глобалниот договор за миграција, дадовме силна поддршка и изнесовме неколку заложби – притоа остануваме посветени за нивно натамошно имплементирање и унапредување.

Фокусот во изминатиов период не беше само во функција на намалување на заканите по граничната безбедност, туку и во функција на намалување на ризикот по животот и здравјето, преку обезбедено строго почитување на мерките за заштита од COVID-19 во прифатните центри.

Остануваме посветени на добрата координација и соработка, размената на информации и споделената одговорност меѓу различните чинители, кои можат многу да придонесат во решавањето на актуелните глобални предизвици.

sunwin tài xỉu sunwin.apk mới nhất sunwin club

sun win

tải sunwin

tải sunwin

tải sunwin