СПАСОВСКИ: Денеска со претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев го потпишавме новиот Колективен договор на МВР

Денеска со претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев го потпишавме новиот Колективен договор на МВР, кој претставува производ од меѓусебните разговори и дијалог, со цел понатамошно квалитативно надградување на сите социјални и професионални, нормативни и други стандарди неопходни за подобрување на условите на работа на вработените.
Меѓу поважните новитети во Колективниот договор се:

➡️употреба на родовиот речник и терминологија, и тоа за првпат во Колективен договор во државата, предвидена е нова одредба за заштита на работниците кои имаат три ефективни години до остварување на правото на пензионирање по сила на закон со навршување на 40 години пензиски стаж, при што тие не може да бидат распоредени на работно место во нивоа пониски од нивото на работното место на кое работат согласно Класификацијата на работните места, освен во случај на дисциплинска мерка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски, изречена согласно закон и одредбите од овој колективен договор;

➡️Предвидено е домашно дежурство како посебен работен услов кој подразбира обврска за работник со статус на неуниформиран полициски службеник, кој не работи во смени, надвор од работното време да биде во состојба на приправност дома или на одредено место, при што предметната одредба, покрај обврските за работникот, содржи и референца за правото на работен додаток на плата за домашно дежурство, кој изнесува 5% од час, со што се исправа една голема неправда што се провлекувала во МВР децении наназад;

➡️Правото на платено отсуство, во случаите кога работникот го претставува Министерството или учествува како дел од државна репрезентација на спортски, културни и други манифестации;
➡️Ревидирана е одредбата за работниците – доброволни крводарители, за кои е предвидено право на три слободни работни дена во кои се засметува и денот на давање крв, за секое давање крв, кои по правило се користат последователно и непосредно по денот на траење на основот, но не подоцна од 30 дена од денот на давање крв;

➡️Предвидена одредба за посебна заштита за ноќна работа, со децидно уредување на категоријата работници за кои се однесува, при што оваа категорија работници има право на соодветна храна или надоместок за трошоци за исхрана во висина од 20% од просечната нето плата по работник исплатена во Република Северна Македонија во претходната година, сразмено за деновите кога работникот работи ноќе;

➡️Предвидување јубилејна награда во висина на една половина од месечната просечна нето плата исплатена во Република Северна Македонија во претходните три месеци – за непрекината работа во ефективно траење од 10 години во Министерството, покрај досегашното решение за доделување на јубилејна награда за непрекината работа во ефективно траење од 20 години во Министерството;

➡️Предвидување еднократен паричен надомест во висина од 100 евра во денарска противвредност, на работничка – мајка, за секое новородено дете;
➡️Предвидување еднократен паричен надоместок за работниците кои со решение на министерот се назначени за ментори, во висина од 150 евра во денарска противвредност, за временскиот период во кој спроведуваат обука во случаите утврдени со закон и одредбите од овој Колективен договор.

Link with us
Game bài đổi thưởng