СПАСОВСКИ: Казни од 200-500 евра за употреба и 3-10 години затвор за продажба на пиротехнички средства

Казни од 200-500 евра за употреба и 3-10 години затвор за продажба на пиротехнички средства.

И годинава со намера на граѓаните да им укажеме на можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, пред и за време на новогодишните и божиќните празници, спроведуваме превентивна кампања, но и репресивни мерки со цел санкционирање коешто е предвидено во:

➡️Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува дека кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност

➡️Во Кривичниот законик во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и тоа:
(1) Тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години.
(2)Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години.

Link with us
Game bài đổi thưởng