СПАСОВСКИ: НА 27-ми април ние бевме спремни да умреме за слободата, а тие беа спремни да убијат за да не ја дозволат слободата!

Четири години од крвавиот четврток, ден на едно мрачно сценарио во режија на тогашната режимска власт, кога беше организирана и спроведена акција со единствена цел – убиство, човечко, но и на надежта за иднина на државата.

Сосема спротивно од нив, ние бевме подготвени да ги дадеме своите животи во одбрана на нашата цел – слободна, демократска држава, на сите граѓани, со можности еднакви за сите, со стабилни институции кои се во служба на граѓаните.

Нека 27 април 2017 година остане како потсетник за секоја идна генерација, за политичкото насилство на една монструозна власт, за тоа каде сакаа да ја втурнат државата со удар врз демократијата и врз сѐ она што до тогаш било градено како вредност во Законодавниот Дом, но и како цивилизациска придобивка.
Никогаш да не се повтори!

Link with us
Game bài đổi thưởng