СПАСОВСКИ НА ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА: Денешната визура на МВР е производ на интензивните и динамични реформи, во соработка со меѓународните партнери, академската јавност и граѓанското општество

Денешната визура на МВР е производ на интензивните и динамични реформи, во соработка со меѓународните партнери, академската јавност и граѓанското општество, а во тој процес на трансформација, МВР со своите вработени претставува реална слика на мултиетнички обединетото општество, со евидентни позитивни промени и во обезбедување на родова еднаквост и еднакви можности во полицијата.

Она што беше визија пред три и пол години, денеска е реалност –
➡️реконструиравме 55 објекти, кои сега имаат додадена вредност, бидејќи се енергетски ефикасни.
➡️Набавката на униформи стана редовна активност, а не исклучок!
➡️Обезбедивме пловни објекти, мотоциклистичка опрема
➡️Годинава, за обнова на униформи и опрема, во буџетот имаме обезбедено близу половина милијарда денари, што е еден од највисоките износи во историјата на министерството.

Заеднички да продолжиме по чесниот пат, зашто тој е вистинскиот!

Link with us
Game bài đổi thưởng