Соработката меѓу нашите две министерства беше и продолжува да биде плодна и продуктивна, особено по стапувањето на сила на Договорот за полициска соработка меѓу двете Влади.
Имено, канцеларот Нехамер, за време на својот мандат како МВР оствари посета на ??, во чиишто рамки заедно ја посетивме нашата јужна граница, Граничниот премин „Богородица“, како и полициските службеници на австрискиот полициски контингент во земјава, кои учествуваат во заедничките операции со нашите полициски службеници, долж граничната линија со Република Грција.
Ја користам оваа прилика да упатам посебна благодарност до канцеларот Нехамер, за континуираната поддршка и за особено значајните заложби преку Сојузното министерство за внатрешни работи на Република Австрија за спроведување на иницијативата за „Заедничка координативна платформа“, со која се промовира и ефектуира подобра координација на мерките против илегалната миграција долж Источномедитеранската рута.