СПАСОВСКИ: На Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан се обратив на трите сесии на теми од областите внатрешни работи и правда

На Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан се обратив на трите сесии на теми од областите внатрешни работи и правда, при што истакнав дека основен предуслов за успешно справување со глобалните предизвици е ефикасната меѓународна соработка.
▶️Во рамки на сесијата за миграција, азил и надворешни граници, потенцирав дека покрај натамошното развивање на националниот систем за интегрирано гранично управување согласно ЕУ концептите и стандардите во сите облици на гранично работење, продолжува интензивната соработка со ЕУ агенциите Frontex – EBCGA и Europol, која резултираше со вкупно 16.000 спречени обиди за илегално минување во првите 9 месеци на 2021 година, што претставува намалување од 36,5% во однос на истиот период минатата година, како и 35 спречени случаи на криумчарење на вкупно 420 мигранти.
▶️Во сесијата посветена на борбата против тероризмот, насилниот екстремизам и радикализацијата, ja нагласив неопходноста од подготвеност и отпорност на локално, национално и меѓународно ниво за чија цел е креиран Заедничкиот акциски план за борба против тероризмот. Во пракса како особено корисна алатка се покажа оперативната апликација за безбедна размена на информации – СИЕНА, која е целосно оперативна во единицата во МВР надлежна за борба против тероризмот и преку која во изминатата година се разменети околу 800 пораки и одговори на барања.
▶️Во рамки на работната сесија за справувањето со организираниот криминал, најавив дека Владата на РСМ, согласно целите и приоритетите од Националната стратегија за дроги 2021-2025, веќе идната 2022 година ќе воспостави Систем на рано предупредување од нови психоактивни супстанции

Link with us
  • sunwin lên vtv1 sunwin cổng game sunwin
  • go88 tại game go88 trí tuệ siêu phàm go 88 trên ios
  • tải rikvip tai game gai nhay rikvip tai bai rikvip
Game bài đổi thưởng