(ВИДЕО) Спасовски на увид на градежните активности на патот Куманово – Страцин: Првпат се вложува по 50 години

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми извршија увид во работите на рехабилитација на магистралниот пат Куманово – Страцин.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, истакнал дека на овој патен правец се вложува првпат после 50 години со цел да се рехабилитира.

-Во изминатите три години сите регионални патишта се реконструирани или е во тек реконструкцијата, а притоа се гради и еден ескпресен пат“, потсети тој,

Додал дека целосно се реконструирани Куманово-Свети Николе, Старо Нагоричане –Граничен премин Пелинце, Куманово – Никуштак, Куманово – Опае, пат до новиот Граничен премин Белановце, општина Липково и Куманово-Крива Паланка.

– Ако сакаме да имаме поголема безбедност во сообраќајот со помалку жртви, помала материјална штета и помалку повредени лица, треба да имаме и добра инфраструктура. И токму затоа и заедно настапуваме за сето тоа што не беше направено, рехабилитирано, обновено го завршиме што е можно побрзо и на тој начин да создадеме подобри услови и поголема безбедност во сообраќајот“, истакна Спасовски,

Тој истакна голема благодарност до фирмата изведувач и на работниците кои работат на овој патен правец, бидејќи во услови на пандемија не ги прекинаа своите активности, што според него е многу значајно од аспект на економијата.

Link with us
Game bài đổi thưởng