СПАСОВСКИ: Продолжува континуираната поддршка на ОБСЕ за МВР, со пријателски односи и партнерска соработка во области од заемен интерес за успешно реализирање на иницираните проекти

Денеска остварив средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Н.Е. Клеменс Која, на којашто разговаравме за тековните активности на МВР, согласно Планот на активности на Мисијата на ОБСЕ за 2021 година, во областите на транснационални закани, натамошна професионализација и демократско полициско работење.

Во рамки на транснационалните закани, се работи на прашања поврзани со борбата против организираниот криминал и интегрираното гранично управување, како и контролата на мало и лесно оружје, додека пак, активностите за натамошна професионализација и за демократско полициско работење се фокусираат на стратегиите за човечки ресурси, континуиран професионален развој на полициската служба и демократски полициски практики.

Link with us
Game bài đổi thưởng