СПАСОВСКИ: Продолжува опремувањето на полицијата – нови униформи за униформираната полиција, за Шеста управа, за воздухопловниот персонал и Хеликоптерската единица, како и за младите полицајци и приправници

Во насока на континуирано унапредување на условите за работа на полициските службеници продолжуваме со активностите за набавка на нови униформи за сите полициски службеници.
▶️За припадниците на Одделот за заштита на определени личности и објекти во рамки на Бирото за јавна безбедност, популарно наречената „Шеста управа“, набавени се по два комплети цивилна облека, поточно комплет костуми со кошули и обувки за околу 500 полициски службеници, што претставува втора набавка на нови работни костуми во последниве четири години.
▶️За воздухопловниот персонал и Хеликоптерската единица набавени се летечки јакни и специјални заштитни и летечки комбинезони
▶️За припадниците на униформираната полиција набавени се целосни униформи со зимски јакни и палта, панталони, 10.000 кошули со краток и со долг ракав, 8.000 поло маички, 10.000 полувисоки чевли и 8.000 чевки со тенок ѓон и флуоресцентни елечиња.
▶️Целосно нови над 660 комплет работни униформи обезбедени и за младите полицајци и приправници
Во овие пет години направивме системски напори за унапредување на работата на сите полициски службеници и воспоставување функционален амбиент со нормални услови за работа, при што задоволната полиција ќе овозможи и поквалитетен сервис за своите граѓани.
Продолжуваме да соработуваме со Македонскиот полициски синдикат, да го слушане нивниот глас како единствен репрезентативен синдикат на полицијата, со цел заеднички да ги унапредуваме условите за работа и да ги подобруваме материјално-техничките добра на полицијата и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи.