Не постои држава во чии што темели не се вградени, одговорноста, љубовта, волјата и се разбира – саможртвата, на генерации, на луѓе кои преку сопствениот пример на совесност, правдољубие, и пожртвуваност оставиле непроценлив и благороден аманет за иднината на генерацииите што доаѓаат!
Република Северна Македонија не e исклучок од тоа историско правило, напротив, и ние денес суштествуваме благодарение на безрезервната храброст и пожртвуваност дадена од многу наши херои.
Денешниов чин на откривањето на спомен бистата посветена на Дано нема да ја исполни празнината што како колеги, пријатели, блиски ја споделуваме во изминативе 25 години од неговото трагично загинување, но наша должност и аманет е да го сочуваме, негуваме и пренесуваме сето она што е оставено зад него како наследство – неговиот живот и неговите херојски дела во зачувување на мирот и стабилноста на граѓаните и својата татковина.
Нека му е вечна слава на јунакот Дано Петрески!