СПАСОВСКИ: Зградата на новиот Национален форензички центар е целосно завршена, очекуваме да биде пуштен во употреба во текот на оваа година

Во тек е партерно уредување и набавка на опрема, како и подготовка на проектот за изработка на т.н. чисти соби кои се потребни за работа на форензичкиот центар. Изградбата е финансирана преку проект на ЕУ и мал дел од Буџетот на МВР.

Продолжуваме да ја зголемуваме ефикасноста на откривачката дејност на полицијата, која во 2021 беше зголемена за 50% во споредба со 2020 година, во сегментот на борба против корупција. Ги зголемуваме можностите за анализи кои се потребни за откривање на кривични дела, а тоа е основата за подигање на нивото на безбедноста во државата.