СУГАРЕСКИ: Спортот е најголемиот амбасадор на секоја земја и затоа спортистите ја заслужуваат и ќе ја имаат моја поддршка и поддршката од мојот тим

Да се работи и придонесува за Прилеп, најспортскиот град во државата и на Балканот, град со публика пред која паѓале најголеми спортски велични, е гордост, чест и привилегија.
На денешната средба со дел од спортистите и спортските работници од градот, на која присуствуваше и претседателот на комисијата за спорт на СДСМ, Наумче Мојсовски, дискутиравме за сето она што е потребно да се направи за нови спортски достигнувања и достоинствено претставување на Прилеп на домашната и меѓународната сцена.

Во таа насока, реконструкцијата на стадионот ,,Гоце Делчев“ и враќањето на ФК „Победа“ во својот дом, е клучната и најголема потврда дека прилепскиот спортски бренд ја има нашата поддршка. Додека пак, изградбата на новата спортска сала во ООУ ,,Кире Гаврилоски“, ќе овозможи најдобри можни услови за настава по физичко и здравствено воспитување на младите.

Дополнително, преку спортските ваучери само во текот на изминатата година, на спортските клубови им беа исплатени 9 милиони евра, што е досега најголема директна фонансиска поддршка за клубовите.

Спортот е најголемиот амбасадор на секоја земја и затоа спортистите ја заслужуваат и ќе ја имаат моја поддршка и поддршката од мојот тим.

#НајдобротоЗаСпортскиПрилеп