Средба Бесими – Хан: Поддршката од ЕУ значајна за одржлив економски раст

Зелената транзиција, енергетската ефикасност, зајакнување на човечкиот капитал како главни приоритети во следната тригодишна Програма на економски реформи, како и инвестициите поддржани со Интервентниот инвестициски план и можноста за нивно финансирање со поддршка од ЕУ, беа темите на коишто министерот за финансии, Фатмир Бесими дискутираше со еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан во Брисел.

Министерот на состанокот потенцираше дека Програмата на економски реформи, е испратена до Европската Комисија и оти приоритетите и мерките вклучени во неа се во линија со приоритетите и препораките на ЕК за земјата.

„Поддршката која ја добиваме од ЕУ ќе ни помогне во побрзо опоравување од пандемијата која остави ефекти од невидени размени во економиите во светот. Притоа, инвестициските грантови, ќе помогнат во реализација на Интервентниот инвестициски план“, истакна министерот Бесими.

Тој притоа потенцира дека за да се искористат бенефитите од инвестициите поддржани со Интервентниот инвестициски план (ИИП) и за да може да се испорача одржлив економски раст, потребно е да ги имплементираме реформите коишто заеднички се договорени во рамки на економскиот и финансискиот дијалог со ЕУ во рамки на Програмата на економски реформи. Уште повеќе, Програмата на економски реформи треба да биде насока за одлуките за инвестиции опфатени со ИИП, како и за внимателно планирање и приоритизација на ресурсите, посочи министерот.

tải sunwin

sunwin club sunwin tài xỉu sunwin

sun win

sunwin tài xỉu tải sunwin apk tải sunwin apk

game bài sunwin game bài sunwin sunwin