На 09.06.2022 во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија се одржа средба помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Н.Е. Дирк Јан Коп, aмбасадор на Кралството Холандија.
На средбата се потенцираше одличната соработка помеѓу министерствата на двете земји и се разговараше за реформите во безбедносниот сектор, соработката со медиумските работници, како и градењето на институционален механизам за превенција и казнување на насилството врз новинарите, но и соработката во заеднички проекти и прашања од областа на сајбер безбедноста.
Министерот Оливер Спасовски се заблагодари на Н.Е. Дирк Јан Коп, за безрезервната поддршка во европските и евроатлантските интеграциски процеси, изразувајќи уверување за зајакнато продолжување на соработката во областите на внатрешните работи.