Средба на претседателот Пендаровски со Катрин Оствалд-Рихтер, раководителка на Гете-институт Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Катрин Оствалд-Рихтер, новоименуваната раководителка на Гете-институт Скопје.

На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со тековната работа на институтот, насочена кон културна и образовна соработка и афирмирањето на учењето на германскиот јазик, како и реализацијата на програми од културата и образованието што го унапредуваат меѓукултурниот дијалог.

Новоименуваната раководителка Оствалд-Рихтер ги претстави плановите, приоритетите и целите на својата работа и нејзиниот интерес да ги адресира неискористените потенцијали во сферата на културната и уметничката продукција кај нас.

Претседателот Пендаровски го истакна придонесот што институтот го дава во развојот на македонско-германските односи и изрази уверување за натамошно продлабочување на образовните и културните врски меѓу Северна Македонија и Германија.

Следете не на Твитер и на Фејсбук.

sun win

tải sunwin

sun win

sunwin apk tải sunwin apk sunwin.apk mới nhất

sun win