Средба на претседателот Пендаровски со претставници на влашката заедница во пресрет на 23 Мај – Националниот ден на Власите

Претседателот Стево Пендаровски, во пресрет на 23 Мај – Националниот ден на Власите, денеска прими делегација на заедницата на Власите во нашата држава.

Честитајќи го претстојниот празник, претседателот Пендаровски го истакна значајниот придонес што претставниците на влашката заедница го даваат за севкупниот развој на Република Северна Македонија.

На средбата претставниците на влашката заедница ги пренесоа своите размислувања во однос на досегашниот напредок во остварувањето на правата и заштитата на својот етнички, јазичен и културен идентитет.

Претставниците на влашката заедница го информираа претседателот Пендаровски за планираните активности со кои ќе се одбележи претстојниот национален ден на Власите.

sunwin club sunwin club sunwin club

sunwin club sunwin web tải sunwin apk

sunwin

sunwin tài xỉu

sun win