Средба на претседателот Пендаровски со словенечкиот претседател Пахор: Деблокадата на Северна Македонија е предуслов за стабилноста на регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид оствари средба со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, кој учествува на меѓународната конференција „Преспа форум за дијалог“.

На средбата беше разговарано за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Словенија, што се карактеризираат со отворен и пријателски дијалог на сите нивоа.

Двајцата претседатели разменија мислења за актуелните состојби поврзани со аспирациите на земјите од Западен Балкан за членство во Европската Унија. Посакувајќи успех на претстојното шестмесечно словенечко претседателство со унијата, претседателот Пендаровски изрази очекување тоа да донесе придвижување во однос на интегративниот процес за земјите од Западен Балкан.

Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија е позитивен пример во изнаоѓањето на решенија за внатрешните предизвици и отворените прашања со соседите и посочи дека деблокадата на нејзиниот интеграциски пат е еден од важните предуслови за просперитет и стабилност на државата, но и на регионот пошироко.

Link with us
Game bài đổi thưởng