Средба на претседателот Пендаровски со Весна Мојсова – Чепишевска, директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими д-р Весна Мојсова – Чепишевска, директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Директорката Мојсова – Чепишевска го информираше претседателот Пендаровски за подготовките за одржување на 54-тата Летна школа на Семинарот. Школата традиционално секоја година се одржува во Охрид, со исклучок на минатата година, кога поради пандемијата на Ковид-19 се одржа виртуелно. Годинава, ако дозволат условите, како што истакна Мојсова – Чепишевска, школата ќе се одржи во втората половина на август со учество на македонисти од целиот свет.

Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на Меѓународниот семинар во проучувањето и изучувањето на македонскиот јазик и неговата афирмација во светот, преку постојните лекторати и центри за изучување на македонскиот јазик во десетина универзитети во светот.

На средбата се разговараше и за тековната реализација на активностите во рамки на манифестацијата „2021-Година во чест на Блаже Конески“, како и за идејата за отворање на лекторат по македонски јазик на Универзитетот во Анкара.

Link with us
Game bài đổi thưởng