Средба помеѓу Павле Трајанов и Никола Мицевски со цел измени на изборниот законик – една изборна единица без изборен праг!

Денес во Собранието на РСМ, се одржа средба помеѓу Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и пратеник, со Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Антонио Милошевски, пратеник и претседател на Комисијата за надворешна политика.

На средбата, Павле Трајанов, ги презентираше ставовите на Демократскиот сојуз, во врска со реформите на изборните правила, кои треба да се одвиваат во три фази:

Во првата фаза да се донесат измените на Изборниот законик, до кои Македонија ќе биде една изборна единица и без изборен праг;

Во втората фаза, да се направат коренити реформи на изборните правила, со кои ќе се отстранат системските предности на четирите партии, посебно во врска со медиумското претставување и финансирање на изборната кампања од Буџетот на државата; и,

Третата фаза, уставни промени со кои ќе се намали бројот на пратеници од 120 на 90, како определба на Демократскиот сојуз за рационализација не само со намалување на бројот на пратеници, туку и бројот на министерствата, бројните агенции, регулаторни тела и сл.

Очекуваме да започне парламентарната расправа за измените на Изборниот законик, кои се веќе во парламентарна постапка.

sunwin tài xỉu

sunwin.apk mới nhất sunwin web game bài sunwin

sun win

sunwin

sun win