ССМ го поздрави изгласувањето на законот за НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН: 92 отсто од работниците ќе одмораат, 9 проценти со додаток на плата

Сојузот на синдикати на Македонија го поздрави изгласувањето од страна на пратениците во Собранието на законските измени на работните односи со кои недела станува неработен ден. Од таму велат дека ова било едно од нивните најважни барања до сега.

„Во услови на Светската здравствена криза, предизвикана од Коронавиросот COVID – 19, се покажа дека повеќе од потребно е Недела да биде неработен ден за сите работници. По пат на Социјален дијалог со Влада и работодавачите, со денешното гласање во Собранието од страна на пратениците, успеавме да го обезбедиме ова право на работниците

Едно од главните барања на протестот на ССМ одржан на 12.12.2021 година, денеска е изгласано од страна на Пратениците во Собранието и истото конечно почнува да се применува од 1 јануари 2022 година“, се вели во реакцијата на ССМ.

Од организацијата додаваат дека сега 92 отсто од работниците ќе одмараат, а оние 8 проценти кои работат во дејностите во кои не може да се прекине работниот процес, за работа во недела ќе добиваат најмалку дополнителни 50% додаток на плата за секој поминат час за работа во недела. Велат дека синдикатите здружени во ССМ веќе преку колективните договори обезбедија и 100% додаток на плата за работа во недела.

„Ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе“, се додава во соопштението.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски истакнува дека во насока на заштита на работничките права и обезбедување на баланс помеѓу работата и семејството, ССМ во изминатиот период повеќе пати предлагаше ден на неделен одмор да биде недела.

„Прифатениот предлог на ССМ од страна на Владата конечно е изгласан од страна на пратениците, а ССМ смета дека претставува одличен пример за унапредување на работничките права преку создавање на правна рамка за почитување на демократските вредности“, се вели дополнително.

tải sunwin

sunwin

sunwin

sun win

sunwin game bài sunwin sunwin tài xỉu