СТАНУВА НОВИОТ КИРО ГЛИГОРОВ – СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ НАЈПОПУЛАРЕН ПОЛИТИЧАР ВО ЗЕМЈАВА, ЗАД НЕГО ЗАЕВ, ПА АПАСИЕВ, МИЦКОВСКИ ДУРИ НА 4 -ТО МЕСТО?!?!

Според анкетата на ИРИ која ја објави порталот ПРИЗМА, претседателот Пендаровски води на анкетите за најпопуларен политичар со 43%.

Зад него е премиерот Заев со 33% а потоа се лидерот на Левица, Апасиев со 26% и дури на 4-то место е лидерит на ВМРО ДПМНЕ, Мицковски со 25%.

Потоа на листата се Села со 20, Касами со 15 и последен е Али Ахмети со 14 проценти што е уште едно изненадување и можна грешка на анкетата со оглед на тоа што се прави на 1000 испитаници од кои само околу 250 се Албанци па од толку малку испитаници можни се грешки кај бројките на Албанските лидери.

Претседателот Пендаровски со неколку потези успеа да се доближи и до десницата и до неутралните, со коментарите за 27-ми април и особено со непоптишувањето на законот за дивоградби.

Со оглед на најавеното повлекување од политиката на Зоран Заев за 3 години, а веќе се повлече и Шеќеринска, добро е што Пендаровски се наметнува како политичар со висок рејтинг, сепак земјава ќе остане во рацете на солиден разумен про западен политичар.

Link with us
Game bài đổi thưởng