ГАЗИ БАБА: Стефковски ги додели решенијата за субвенции за електрични тротинети

Денес 24.08.2022 година, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ги додели решенијата за субвенции на граѓаните на општина Гази Баба кои набавиле електричен тротинет.
Оваа мерка се спроведува за прв пат во општина Гази Баба.

За доделувањето градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
Денес во просториите на општина Гази Баба ги поделив решенијата за субвенционирање на граѓаните кои набавиле електричен тротинет.

Оваа мерка се спроведува за прв пат во општина Гази Баба и истата беше мое ветување кое го дадов пред граѓаните за време на изборната кампања и денес е реалност.
Изминатиот период ги спроведовме и мерките за субвенции на граѓаните за велосипеди, чистење на оџаци и вградување на уреди за течен нафтен гас во возилата исто така како мерки кои за прв пат се реализираат во општина Гази Баба.

Кога се работи чесно и домаќински во буџетот на општината има пари за се. Жителите на Гази Баба го живеат новото време во кое се градат нови паркови, детски и спортски игралишта, канализациони и водоводни системи, се асфалтираат локални улици, се реконструираат училишни спортски сали.

Заврши времето кога ветувањата кои се даваа за време на изборите се забораваа! – напиша Стефковски

Link with us
Game bài đổi thưởng