СТИГНАА ДИНОСАУРУСИТЕ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА

Набавени се 41 диносаурус во природна големина, па затоа транспортот се врши со шлепери, поради што извесен период беше блокиран и сообраќајот на булеварот Илинденска во близина на Зоолошката во Скопје. (Фото: СДК.МК)

Попладнево, во скопската Зоолошка градина од Кина стигаа диносаурусите за Дино паркот. Со шест камиони беа донеси во градината и веќе од утре ќе почне нивната монтажата.

Набавени се 41 диносаурус во природна колемина, па затоа транспортот се врши со шлепери, поради што извесен период беше блокиран и сообраќајот на булеварот Илинденска во близина на Зоолошката.

„Просторот каде што ќе биде Дино паркот е уреден и подготвен за да почнат да се поставуваат диносаурусите. Монтажата ќе трае околу 20 дена. Поради пандемијата на ковид-19, сè уште не сме одлучиле кога ќе го отвориме Дино паркот за посетители, но се надеваме дека тоа ќе биде напролет. Ќе биде вистинска атракција. Очекуваме да ни донесе голем број посетители надвор од нашите граници, бидејќи ќе биде прв Дино парк на Балканот“, вели директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски.

Диносаурусите ќе имаат синхронизирани движења, дишење, трепкање и ќе испуштаат звуци, со што ќе се доловат овие праисториски животни. Покрај Тираносаурус, Стегосаурус, Алосаурус, ќе има и мали диносауруси, мајки со бебиња и јајца.

Дино паркот ќе има два влеза, еден од внатрешноста на Зоолошката градина и уште еден од страната на Градскиот парк. За Дино паркот ќе се плаќа посебен билет од 50 денари.

За уредување на просторот и набавка на диносаурусите од буџетот на Град Скопје обезбедени околу 325.000 евра.

sunwin.apk mới nhất sunwin apk sunwin.apk mới nhất

sunwin

sun win

sunwin

sunwin apk sunwin apk tải sunwin