Студентка од АУЕ-ФОН освои прво место за изработка на постер на конкурсот распишан од Амбасадата на Италија

Евангелија Ивановска студентка од Факултетот за Дизајн и мултимедија при Американскиот Универзитет на Европа – ФОН (АЕУ-ФОН) го освои првото место за изработка на постер со кој учествуваше на конкурсот насловен „Данте 700“ кој што го организираше Институтот Данте Алигери (Instituto Dante Alighieri) од Скопје и Амбасадата на Република Италија. Конкурсот беше распишан по повод одбележувањето на 700 години од смртта на авторот на делото „Божествена комедија“, кој го постави италијанското средновековно литературно творештво на пијадесталот на светската литература, светски познатиот Данте Алигиери.

На конкурсот беа доставени вкупно 281 постер од 170 учесници, претежно студенти од факултетите и академиите за визуелна уметност, а исто така учествуваа и ученици од средните училишта. По првото рангирање, комисијата составена од македонските дизајнери Небојша Гелевски и Нгадњим Мехмети, како и од Серхио Оливоти и Марко Натоли од Италија, ги избраа 15 -те финалисти. Во соработка со амбасадата, конечно беа избрани трите победници, а освен со првото место освоено од Евангелија Ивановска, меѓу првите десетмина со своите постери се пласираа и нашите студенти Никола Крстиќ и Моника Нефтенова, од Факултетот за Дизајн и мултимедија при АУЕ ФОН .

„Данте потврдува човек способен да помине низ сите векови и да зборува со сите народи и генерации, како што покажа успехот на оваа иницијатива, додаде амбасадорот, „една од многуте што ги организиравме за оваа недела, која всушност ќе заврши 19. Ноември, кога во Македонската национална опера и балет ја претставуваме новата опера посветена на Данте“, истакна амбасадорот на Република Италија , Н.Е. господинот Андреа Силвестри, за време на церемонијата за доделување на наградите.

Ова е уште еден влог во уметничкото алумни на Факултетот за дизајн и мултимедија и голем успех и на менторот на овие студенти, истакнатиот македонски графички дизајнер и универзитетски професор на Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ -ФОН, Стефан Јакимовски.

Второто место на конкурсот „Данте 700“ го освои студентката Јована Ристовска од Универзитетот Американ Колеџ Скопје – УАКС, а третото на студентот Иван Коминовски од Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје.

tải sunwin

tải sunwin

sun win

sunwin

sun win