СУГАРЕВСКИ: Згрозен сум од објавениот фејсбук статус на сметка на личната трагедија на кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески

Некој лудак во прилеп на фб му се заканувал на доктор Борче Јовчески кој пред неколку месеци го изгуби постариот син во сообраќајна незгода. Веднаш со жестока реакција се јави кандидатот на СДСМ, Сугаревски кој на фб напиша:

Без разлика дали станува збор за вистински или лажен профил, како политичар, но пред се’ како човек, најостро го осудувам крајно морбидниот и нехуман чин. Никој нема право да се изживува и да злоупотребува било чија лична трагедија за лични или било какви други интереси.

Во политиката, исто како и во животот, мора да постојат ,,црвени линии” кои не смее да се преминат.
Ова се локални избори кои треба да претставуваат борба на идеи и концепти, а не полигон за дисквалификација на било кој кандидат, од било која политичка опција.

Очекувам надлежните институции да преземат итни мерки, да го откријат сторителот и најстрого да го санкционираат.