Свети Николе преку донација од САД ќе добие нов Противпожарен дом

Општина Свети Николе и Амбасадата на САД во Скопје денеска потпишаа договор за донација за изградба на нова Противпожарна станица, објави градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

Вредноста на договорот е 446.239 долари, а изведувач на проектот и градежните работи е фирмата „Дон архитекти“ од Скопје.

– СО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОВОЈ ПРОЕКТ СВЕТИ НИКОЛЕ ЌЕ ДОБИЕ ПРОТИВПОЖАРНА СТАНИЦА СОГЛАСНО СВЕТСКИ СТАНДАРДИ ЗА ОВАА НАМЕНА. ЈА КОРИСТАМ ПРИЛИКАТА, ВО ИМЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ, ДА СЕ ЗАБЛАГОДАРАМ НА ГРАЃАНИТЕ НА САД, НА АМБАСАДАТА НА САД ВО СКОПЈЕ И НА ИНЖИНЕРИСКАТА КОМАНДА НА МОРНАРИЧКИТЕ СИЛИ НА САД (НАВФАК), ЗА ДАДЕНАТА ДОНАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ВАКОВ КАПИТАЛЕН ОБЈЕКТ, ВЕЛИ ВЕЛКОВСКИ.

Додека се одвива изградбата на станицата пожарникарите, возилата и опремата ќе бидат сместени во простории и двор на средното земјоделско училиште. Инаку, пожарникарите на Општина Свети Николе ги покриваат териториите на матичната општина, но и на Лозово.

Извор:МИА