СВЕТСКИ РЕКОРДЕРИ – НА ЗДРАВЈЕ НЕКА ИМ Е – НАШИТЕ НАВИВАЧИ ВО БУКУРЕШТ ОД РАДОСТ ЗА ПРВИОТ НАСТАП НА ЕВРОПСКО ИСПИЛЕ 3 ЦИСТЕРНИ ПИВО

За околу четири дена колку што македонските навивачи престојуваа во романската престолнина, успеале да испијат меѓу 70 и 75 000 литри пиво, велат официјалните информации на Управата за јавни приходи на Романија, согласно пресметките од локалите, клубовите и рестораните.

3500 до 4000 фанови заминаа за Романија, да навиваат за фудбалерите на Македонија, кои го имаат првиот настап на едно Европско првенство.

За околу 96 часа, Македонците во само пет локали во стариот град испиле 3 цистерни на пиво (25.000 литри собира една цистерна). Една кригла од 0,5 литри се продава за 15 леи (три евра).

Сè на сè со една груба пресметка, со хотели, пиење, јадење и влезници, Македонците потрошиле околу 1.200.000 евра.

Во просек по 300 евра по човек.

Фото: Спорт Манија

Link with us
Game bài đổi thưởng