СЗО ја одобри вакцината „Синофарм“ за итна употреба

Светската здравствена организација ја одобри за итна употреба вакцината против ковид-19 на кинескиот производител на лекови „Синофарм“.

Вакцината, една од двете кинески вакцини што веќе се дадени на стотици милиони луѓе во Кина и во странство, е исто така и првата вакцина против коронавирус одобрена од СЗО, која не е развиена на Запад.

Исто така, СЗО за првпат одобри за итна употреба на кинеска вакцина против заразна болест.

Фактот дека вакцината на „Синофарм“ е на списокот на СЗО на итни вакцини е сигнал до националните регулатори дека е ефикасна и безбедна и ќе овозможи да се вклучи во системот Ковакс, глобална програма за сиромашните земји.

СЗО досега одобри итна употреба на вакцините против ковид-19 кои ги развија „Фајзер/Бионтек“, „Астра Зенека“, „Џонсон и Џонсон“ и „Модерна“.

Link with us
Game bài đổi thưởng