ТЕМЕЛКОВСКИ: Денес заедно со Министерот за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, потпишавме петгодишен Договор за подобрување на социјалните услуги

Со овој акт, во кој покрај општината Кисела Вода и МТСП, учествуваат и Светската Банка, како и Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Хера, ќе им се овозможи бесплатна нега и помош на повозрасните изнемоштени лица, како и на лицата со попреченост од овој дел на градот.

Помошта во остварувањето на активности од секојдневниот живот на лицата со намален функционален капацитет кои не можат да се грижат за себе, ќе им овозможи да продолжат да живеат во сопствениот дом и да водат независен живот во заедницата.

И старите и лицата со попреченост заслужуваат достоинствен живот.
#Сегрижиме.