ТЕМЕЛКОВСКИ: Кисела вода повторно расадник на врвни спортисти

Повеќе клубови од Кисела Вода се вратија на врвот на спортските лиги. За многу тоа беше изненадување, а за нас очекувана круна на професионалната работа на раководството на клубовите и посветеноста на играчите (мажи и жени, јуниори и јуниорки, и подмладоци).

Заложбата на општината и долгорочната стратегија за развој на спортот како основа за здрав живот и психо-физички развој беа и остануваат главната водилка и моја определба. Стратегијата за развој на спортот која ја спроведовме опфати неколку фази:

– Враќање на училишниот спорт каде направивме соработка и студија со факултетот за физичка култура
– Подигање на условите на спортските терени- каде се формираше јавно претпријатие за стопанисување со спортски објекти и истито успеа да ги реновира повеќето сали кој со гордост може да кажеме дека се денеска дом на повеќе од 20 клубови.
– Обезбедена субвенција за професионалните сениорски екипи за тренинг и мечови во спортските сали
– Финансиска помош за Спортските клубови
– Финансиска помош при организација на спортски манифестации.

Обезбедивме соодветни спортски терени и објекти преку реновирање и одржување на спортските сали во општината и одржување на два фудбалски спортски терени, училишните спортски сали и изградба на спортски игралишта. Знаевме дека без услови на чиста и топла сала нема да има можност за континуирано работење на клубовите но и на спортистите.

Формиравме Јавно претпријатие за стопанисување со спортски објекти кое успеа да ги преземе и да се грижи за повеќето спортски објекти во општината и со тоа обезбедивме квалитетни услови за тренинг и спортски натпревари како за професионалните клубови така и за рекреативците. Преку добро планирање и менаџирање обезбедивме врвни услови со минимални трошоци за одржување. Дури и во услови на пандемија нашите сали беа во функција, запазувајки сите мерки и протоколи за работа.

Одржуваме редовна комуникација со клубовите, нивната управа и спортистите и преку тие средби ги идентификуваме нивните потреби и приоритети. За најамбициозните и најпосветените обезбедивме и финансиска поддршка. Во секој случај за клубовите најзначајно е тоа што општината обезбедува услови за тренирање. Тоа придонесе повеќе клубови, кои тренираа во други општини да се вратат во својата матична Кисела Вода.

Следниот чекор беше концепт и план за работа со истите и финансиска помош на најамбициозните клубови кои се и промотори на спортот во општината, но и мотиватори на идните генерации спортисти. Секој спортски клуб кој учествува во спортските лиги развива и младински клубови и организира тренинг за подмладоците и сите заинтересирани.

Организиравме и поддршка на спортските манифестации за подигање на свеста на младите во спортот и за анимирање на новите генерации спортисти но и промоција на спортот во Кисела Вода.
За крај после 3 години и директно вложени преку 20.000.000 денари во спортски клубови и спортски манифестации, но и субвенции од нешто повеќе од 15.000.000 денари во спортски термини со задоволство можам да кажам дека и со скромни инвестиции се постигнуваат врвни резултати.

Враќањето на спортот во Кисела Вода беше едно од моите клучни заложби како градоначалник. Општината од која потекнуваа Дарко Панчев, Пеце Наумовски, Браќата Мајнови и многу други репрезентативци, но и клубови како европскиот шампион РК Вардар конечно се врати во врвот на спортските лиги.
@ЈаСакамКиселаВода

Link with us
Game bài đổi thưởng