ТЕМЕЛКОВСКИ: Лицата со попреченост се дел од Кисела Вода како општина ќе направиме напори да добијат поголема грижа

Денеска во соработка со здружението на граѓани ЦМА Крик, организиравме јавна дискусија на тема „Колку институциите на Општина Кисела Вода се достапни за лицата со попреченост?“. Општина Кисела Вода на ова прашање му дава високо значење и воедно ги прифаќа сите иницијативи за интезивирање на практиките за партиципативно креирање на локални политики засновани на реалните потреби на граѓаните.

Како општина изразивме целосна посветеност да ги прилагодиме планирањето и креирањето на мерки и политики кон потребите на лицата со попреченост и да ја зголеми свеста за потребата од достапност на институциите кон овие лица.

На настанот ги презентиравме проектите спроведени во општината, во соработка со училиштето Димитар Влахов за деца со оштетен вид , каде што има поставено сензорско игралиште, училиштето Д-р Златан Сремец, за ученици со пречки во психичкиот развој, аутизам и мултихендикеп каде игралиште е прилагодено кон потребите на учениците.

Како општина ги презентиравме и нашите заложби за поголема грижа за лицата со попреченост и адаптирање на соодветни содржини, прилагодување на инфраструктурата и улиците. Но како најважен предизвик беше потенцирана потребата за менување на свеста и општо прифаќање на лицата со попреченост и поддршка на нивните семејства како во образовните институции но и во сите сфери на живеењето. Во таа насока се заложивме за поголема соработка со граѓанските организации и сите заинтересирани чинители.

Link with us
Game bài đổi thưởng