ТЕМЕЛКОВСКИ: Парковите во Кисела Вода се опремени со систем за наводнување и редовно се одржуваат

Од пораките кои ги добивам забележав одредени коментари дека граѓани бараа место за рекреација во Кисела Вода, и сугестии да се направат паркови со реквизити за вежбање. Овој конструктивен предлог го пренесов до службите да се изнајде соодветна локација и да се обидеме да најдеме средства во буџетот кои би можеле да се искористат за оваа намена со оглед дека не се работи за големи средства.

Како одговор на одредени забелешки побарав од службите да ми достават фотографии од парковите во Кисела Вода и ги објавувам. Ова е стандрдот по кој се движи Кисела Вода. Воедно без разлика дали е изборна година или не, секоја служба изготвува годишни планови и истите се реализираат. Мојата насока беше едноставна, подеднакво да се инвестира во секоја Месна заедница, а граѓаните знаат и ги гледаат и секојдневно без разлика дали ги објавил или се сликал Градоначалникот. За недоличните коментари нема да коментирам тие се одраз на културата на тие што ги пишуваат, а за конструктивните коментари и забелеши и критики со задовлство ги прифаќам и се трудам да бидат реализирани.

Во исто време сакам да Ве известам дека и паркот во Драчево наскоро ќе биде уреден и се надевам дека ќе успееме да ја одбраниме и оваа локација од оние кои фрлаат смет и отпадоци. Општината ги уредува јавните површини, но одржувањето е она што е потешко и кое зависи од сите нас.

Link with us
Game bài đổi thưởng