Темелковски: Предлог-планот за Расадник е на одредени корекции, со планот ќе се решат децениски проблеми на жителите

Предлог-планот за Расадник во моментов е на одредени корекции по забелешка од страна на Комисијата. Сметам дека е многу подобро од она што беше понудено во минатото. Намалена е многу бруто површината за разлика од претходниот, зголемено е зеленилото и сметам дека имаме еден одличен план, рече градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.

Тој денеска на прес-конференција во одговор на прашање посочи дека ДУП-от е во процедура на носење, и смета оти имаат еден одличен план којшто нуди и социјален аспект за граѓаните, но и интеракција и доволно зеленило.

– Доколку не сакаме во иднина да имаме ние како градоначалници проблеми решението е многу лесно – треба да се сопре со Законот за денационализација каде што граѓаните ќе добиваат земјиште, туку ќе бидат обесштетени преку обврзници или преку пари за многу полесно да биде нашето решавање бидејќи од друга страна имаме граѓани коишто веќе, бидејќи 70 проценти од Расадник е приватна сопственост на граѓани а не на градежни фирми, веќе 10 години плаќаат данок на имот за имот којшто не можат да располагаат со него, рече Темелковски.

Посочи дека како општина имаат задача да се донесе ДУП којшто ќе биде во согласност со ГУП-от, но и во согласност со барањата на жителите кои живеат во околните места околу Расадник.

– Така што, не можеме да го споредиме Расадник со Ходилеј ин, или со Треска или со кој било ДУП. Може да споредуваме со тоа што беше понудено во изминатиот период и што било понудено пред пет, 10 или две години наназад, да споредите колку зеленило има во нашиот план, а колку зеленило и јавно добро има во другите планови, рече градоначалникот на Кисела Вода.

Тој дополни дека со Расадник имаат за цел да решат повеќе децениски проблеми на општината Кисела Вода, како што е немањето на поликлиника, немањето на доволно простор за градинки, училиште, средно училиште бидејќи, поточно решавање на децениските проблеми на жителите од целата општина, во самиот дел на Расадник.

Link with us
Game bài đổi thưởng