ТЕМЕЛКОВСКИ: Спортистите од Кисела Вода се враќаат на врвот

Одбојкарките на Одбојкарски Клуб Јанта Волеј-Скопје оваа година ја освоија двојната круна кај сениорките.
На денешната работна средба имав можност покрај со раководството на клубот да поразговарам и со првотимките за изворно да се запознаам што е тоа што прави разлика кај врвните спортисти кои постигнуваат врвни резултати.

Спортистите од Кисела Вода се враќаат на врвот. Успесите на овој клуб се доказ дека со скромна помош и поддршка, ефикасно менаџирање, правилно искористување на ресурсите и лична посветенесто на екипите се можни врвни резултати.

Преку анализа на успешниот модел на функционирање на Јанта Волеј и на другите општински прволигаши сакаме да создадеме одржлив систем и да го унапредиме моделот за поддршка на врвниот спорт кој ќе служи како мотивација за рекративците но и за натамошно унапредување на условите за училишниот спорт.

Како резултат од овие разговори веќе добивме неколку идеи и сугестии кои ќе бидат разработени, и во претстојниот период ќе може да очекуваме новитети во делот на нови спортски терени и реквизити за јавна употреба, и што е најважно иновативен модел на функционирање, соработка и поддршка.

Преку спортот создаваме услови за здрав и правилен физички но и ментален развој, за создавање на јаки личности кај младите. Карактеристиките на успешните спортиси, борбениот дух, истрајноста и тимската работа се клучните вредности кои придонесуваат за успех во секое поле на животот и работата.
Кисела Вода се гордее со Вас Одбојкарски Клуб Јанта Волеј-Скопје!

Link with us
Game bài đổi thưởng