Продолжуваме да работиме во насока на подобрување на инфраструктурата.
?Во моментов, во должина од 5️⃣5️⃣0️⃣метри и ширина од 4,5 метри, се одвиваат градежни работи за реконструкција на патот во населеното место Аџево. На патот, ќе бидат поставени и стабилизирачки банкини. Оваа реконструкција е дел од првата фаза, по која според предвиденото, ќе следуваат уште фази, се до целосното асфалтирање на патот.Реконструкцијата на улицата ја правиме во соработка со Скопски плански регион.
?Денеска со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и членот на Советот, Дарко Филиповски извршивме увид во работните активности на патот.
