ТЕМЕЛКОВСКИ: Во селото Драчево свечено го отворивме новоизградениот, импозантен Дом на културата

Денеска заедно со министерката за култура, Ирена Стефоска,директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и со Претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ, во селото Драчево свечено го отворивме новоизградениот, импозантен Дом на културата.
➡️Од сцената на Домот на културата, во своето обраќање, министерката Стефоска и директорот Бабовски, пред присутните гости, го искажаа своето задоволство од новиот објект кој нуди одлични услови за работа. Министерката и директорот во обраќањата ја нагласија и потребата за продолжување на досегашната успешна соработка. Тие ветија дека и во реализацијата на претстојните проекти ќе продолжат да ја поддржуваат општина Кисела Вода.
По ова, со министерката, директорот, претседателот на Советот, и со членот на Советот Дарко Филиповски, направивме увид во просториите на Домот на културата, каде се запознавме со условите и со можностите за вршење на професионални активности.
?Во новиот објект, жителите од селото и населбата Драчево, а и сите граѓани од Скопје и од државата, во Домот на културата/во киното, ќе имаат можност во современи услови да следат филмови и театарски претстави, да прават промоции на книги и изложби на уметнички дела, да организираат и да следат културни манифестации, да организираат саем на книгата и сл.
Покрај овие големи придобивки за граѓаните, во Домот на културата ќе биде сместена подрачна канцеларија за Управа за водење на матични книги, ќе се вадат изводи и државјанства, а ќе се склучуваат и бракови.
Во обејктот обезбеден е простор за најстарото културно уметничко друштво „Китка“ од Драчево, а во него се наоѓа и канцеларијата на месната заедница од селото Драчево, која за потребите на граѓаните, од следната седмица, поточно од понеделник ќе биде во функција.
➡️Вкупната површина на објектот е 1.185 квадратни метри и истиот има 171 седиште. Приземјето е на 735 квадратни метри, додека првиот кат е на површина од 450 квадратни метри.
➡️Изградбата на Домот на културата, Општината ја чинеше 39.923.725 денари. Дел од средствата беа обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
➡️Во периодот што следува, унапредувањето на условите за организирање на културни настани ќе продолжи да ни биде приоритет.

sunwin apk

sun win

sunwin web sunwin.apk mới nhất sunwin apk

sun win

sunwin tài xỉu sunwin club game bài sunwin