ТЕПАЧКА ЗА АКЦИИТЕ НА НАШАТА НАЈУСПЕШНА БАНКА: Градежникот Фатмир Етеми платил 613 илјади евра за акции во Комерцијална банка

Фатмир Етеми, член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка е купувачот на 4.312 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, известија денеска од банката. Овие акции беа продадени во блок трансакција минатата недела, а за нив Етеми плати 37.730.000 денари или околу 613 илјади евра. Една акција во блокот чини 8.750 денари.

Оваа блок трансакција следуваше по таа предминатата недела кога „Адора Инженеринг“ на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец во еден блок купи 48.837 акции со право на глас за кои плати 6,95 милиони евра. Оваа компанија сега е единствениот акционер со над 5 отсто од акциите со право на глас и во моментов поседува 14,99.

Инаку Етеми е член на Надзорниот одбор од 2018 година кога немаше акции во банката. Инаку акционер во банката е и преку неговата градежна компанија ЗСФ ком каде е управител.

„Комерцијална банка“ успеа да ја зголеми добивката за првите три месеци за 64 отсто во споредба со истиот период лани, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех објавен на информативниот сервис СЕИ НЕТ.

Добивката на банката за три месеци изнесува 5,86 милиони евра.

ИЗВОР: ФАКТОР.МК

Link with us
Game bài đổi thưởng