По 8 години ДУИ го загуби Тетово. Иден градоначалник ќе биде Билал Касами од Беса. На прес конференција во партиското седиште во Мала Речица, градоначалничката Теута Арифи, го призна поразот.
градоначалничката на Тетово во заминување, Теута Арифи
„Според броењето на резултатите, излегува дека противкандидатот има повеќе гласови и општина Тетово ќе биде водена од него. Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани кои ме поддржаа“,
изјави Теута Арифи.