Тренчевска: Граѓанскиот сектор е наш партнер во унапредувањето на социјалните услуги

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставниците на Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, на која се разговараше за досегашните и идни активности на здружението.

Ова здружение претставува сервисна служба за асистивна технологија што нуди три вида услуги за деца со попреченост: индивидуализирана поддршка за користење компјутер и интернет, индивидуална проценка на потребите од асистивна технологија и советодавно-консултативна поддршка за примена на асистивната технологија. Претставниците информираа дека услугите се засновани на пристапот насочен кон личноста и имаат за цел да го поттикнат личниот развој на децата со попреченост. Преку примената на технологијата и професионалниот тим од специјални едукатори, логопеди и лица од ИТ секторот оваа организацијата претставува единствена и уникатна сервисна служба во нашата држава.

Министерката Тренчевска истакна дека, вклучувањето и подобрувањето на положбата на децата и лицата со попреченост е еден од клучните приоритети на Министерството за труд и социјална политика и на Владата на Република Северна Македонија. Таа ја изрази поддршката кон здружението во нивните активности и изрази подготвеност за заеднички активности и проекти кои имаат за цел унапредување и воведување на нови социјални услуги кои ќе го унапредуваат квалитетот на живот на децата со попреченост и ќе помогнат до нивно поголемо вклучување во секојдневниот живот.

Во наредниот период заеднички ќе се развиваат раната интервенција, услугите за советување на семејствата кои имаат деца со попреченост како и примената на асистивната технологија, со цел зајакнување на социјалните услуги, зголемување на нивната пристапност и достапност а се во најдобар интерес на децата со попреченост од најрана возраст.

sunwin

sunwin

sunwin tài xỉu sunwin club sunwin club

sunwin apk sunwin club tải sunwin

tải sunwin apk