Тренчевска -Улман Марти: Пријателството, соработката и поддршката што ја дава Швајцарија ќе продолжи со уште поголем интензитет

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман Марти. На средбата се разговараше за тековните и идни проекти финансирани од швајцарски фондови и приоритетите на Министерството во областа на трудот и социјалните политики за идниот период. Министерката Тренчевска рече дека швајцарската поддршка се реализира преку креирање можности за вработување на ранливите групи и дека очекува проширување на добрата соработка за прашања поврзани со социјалната реформа.

„За мене како министер и за Владата приоритет ни е да ги активираме ранливите категории на пазарот на трудот за да можат тие сами да обезбедуваат средства за егзистенција. Швајцарската поддршка ја реализираме преку социјалната политика преку која креираме можности за вработување на ранливите групи, младите, лицата со попреченост, Ромите. За да станат проектите одржливи, соработката меѓу Владата, локалната самоуправа и граѓанскиот сектор ќе продолжи, затоа што за нас сите граѓани се еднакви“, рече Тренчевска.

Таа посочи дека во Оперативниот план се имплементирани мерките за вработување, и дека во моментот се работи на повеќе закони кои ги унапредуваат и регулираат односите во областа на трудот и социјалната политика.

Амбасадорката на Швајцарија во земјава, Вероник Улман Марти изрази задоволство за веќе реализираните проекти, финансирани и потпомогнати од швајцарската Влада. Покрај повеќето проекти за кои постои заедничка соработка, таа го издвои проектот „Креирање и можности за работа на сите“ кои ги поддржува процесите на активација на младите, ранливите категории на граѓани, вклучително Ромите и лицата со попреченост. Таа потенцираше дека поддршката ќе продолжи и во делот на обезбедувањето на поефикасно функционирање и јакнење на работата на институциите.

На средбата беше посочено дека Швајцарската Конфедерација како земја донатор и понатаму ќе го поддржува остварувањето на приоритетите и проектите значајни за нашата земја, утврдени во Програмата за соработка на Швајцарија со Северна Македонија 2021-2024 година. Швајцарската Влада финансира проекти од областите на социјалната заштита, родовата еднаквост и транспарентност во работата на општините. ​

tải sunwin

tải sunwin apk sunwin.apk mới nhất game bài sunwin

sunwin club

sunwin sunwin.apk mới nhất sunwin web

sunwin