Тренчевска за Телевизија 24: Во наредните три месеци сите пензионери во државата ќе добијат по 1.000 денари финансиска поддршка

Сите 330.000 пензионери во државата со исплатата на пензијата во месеците април, мај и јуни, дополнително ќе добијат по 1.000 денари на своите сметки, рече министерката за труд и социјална политикал Јованка Тренчевска во интервју за Телевизија 24. За оваа мерка за која Владата и Сојузот на здруженија на пензионери се договорија, од буџетот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе бидат одвоени околу 16 милиони евра. Таа говореше и за новата методологија за усогласување на пензиите, која ќе значи постојан раст во наредниот период.

„Со новата методологија пензиите ќе се усогласуваат согласно 50% од порастот на трошоците на живот и 50% од пораст на просечната плата во државата, согласно податоците од Државниот завод за статистика. Оваа методологија ќе започне да се применува од септември 2022 година, а усогласувањето ќе се прави како и до сега двапати во годината, во март и септември, кога го добиваме порастот за просечната плата. Новата методологија за усогласувањето на пензиите, за просечна пензија која во моментот изнесува 16.300 денари, ќе значи дека пензионерите во септември ќе добијат пензија повисока за 900 денари. Пензијата која во декември минатата година изнесуваше 15.886 денари, со усогласувањето во јануари 2022 година, се покачи на 16.300 денари“, рече министерката Тренчевска во интервјуто на Телевизија 24 вести.

Министерката Тренчевска посочи дека со новото усогласување, во септември, пензионерите кои земаат просечна пензија, ќе земат 17.300 денари, што значи дека од декември 2021 година, до декември 2022 г. просечната пензија ќе се зголеми за 1.500 денари.

Link with us
  • go88 tu dong đang nhap game go88 trí tuệ siêu phàm go88
  • sunwin sun win club
  • sun win sunwin bản web
Game bài đổi thưởng