ТРИЧКО НАЦИОНАЛЕ: Од благата дистанца во Орешани многу убаво се гледаат контурите на еден од најважните процеси во државата: политичката маргинализција и идејната карикатуризација на вмро-дпмне, односно крахот на чудовиштето како идеја, политичка партија, злосторничко здружување, како власт и опозиција, како политички, културен, историски, социјален и криминален феномен

Смртта на ѕверот

Од благата дистанца во Орешани многу убаво се гледаат контурите на еден од најважните процеси во државата: политичката маргинализција и идејната карикатуризација на вмро-дпмне, односно крахот на чудовиштето како идеја, политичка партија, злосторничко здружување, како власт и опозиција, како политички, културен, историски, социјален и криминален феномен. Македонија го освести злото и сега го дави во себе. Тотално се испумпани од секакво значење и во однос на тоа за што се залагаат и во однос на тоа против што се залагаат. Расфакторизирани се на нивото на некоја помала невладина организација. На агенција за протести до сто луѓе. За ништо.

Понекогаш ми личат на преморено и болно говедо кое се повеќе заостанува зад стадото и чека волците на историјата да го турат на трпезариската маса. Разликата со животинскиот свет е во тоа што таму повредените примероци заостануваат и од одговорност кон вродената солидарност, демек, да не го изложуваат на опасност целото стадо, додека во случајот со македонското говедо имаме трагикомични напори целата заедница да ја држи во егзистенцијална опасност.

Во интерес на стабилноста на политичкиот систем, сдсм како власт секогаш пројавувал многу деликатност во однос на вмровскиот ѕвер. Сега имам впечаток дека таа фаза дефинитивно е надмината. Не само поради одбивањето на лидерската средба, туку и поради низа други манифестации на лидерот Заев и на други функционери. Проблемите со Бугарија не се без врска со слабеењето на моќта и значењето на вмро-дпмне, на нашите мали каракачанов и, но тоа многу очигледно дополнително ја разобличува оваа злосторничка инсталација. Правосудните статуси на партиските функционери, сегашни и поранешни, е се полош, со речиси елиминирани можности за политички интервенции.

Така што, вмро заминува, но заминува како организација која нема конкуренција во светот по штетите што ги има направено врз народот и државата. Тоа прашање, прашањето на велепредавството, на злосторничкиот потфат, мора да дојде на дневен ред како посебен процес. Кој ќе го заокружи системот на правната девмровизација, додека онаа во сферата на културата, ќе биде подолготраен и помачен.

sun win

tải sunwin apk game sunwin sunwin tài xỉu

sunwin

sun win

sunwin.apk mới nhất sunwin sunwin club